петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите ги стартуваат подготовките за последните натпревари во квалификациите за СП

Кошаркарите ги стартуваат подготовките за последните натпревари во квалификациите за СП

На 1. јули, во Сарагоса, кошаркарите му гостуваат на актуелниот светски шампион Шпанија а три  дена подоцна, на 4. јули во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, против Украина го играат последниот натпревар во мундијалските квалификации. Македонија во во досегашните четири натпревари во квалификациите за СП 2023 година доживеа четири порази.

Според планираното на стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, предвидено е одработување на осум тренинзи во Скопје, по два секој ден во текот на мини-подготовките. Утринските тренинзи ќе бидат реализирани во периодот од 10 до 12 часот, а вечерните од 19 до 21 часот.

На првиот собир, закажан за сабота од 10 часот во СЦ „Борис Трајковски“ треба да се појават 14 кошаркари:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт
Рубин Стефанов – Италија.

На 29. јуни (среда), нашиот сениорски национален тим патува за Сарагоса, каде истиот ден, во вечерните часови, ќе го има и првиот тренинг во „Павиљон Принципе Фелипе“, каде на 1. јули, ќе го играме мечот со Шпанија.