петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон со порака до синдикатите: Платите во јавниот сектор не можат брзо да се зголемат

Џонсон со порака до синдикатите: Платите во јавниот сектор не можат брзо да се зголемат

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска изјави дека платите во јавниот сектор не можат нагло да се зголемат, како што бараат синдикатите, бидејќи, како што наведе, тоа би го поттикнало растот на инфлацијата.

– Она што не можеме да го имаме е ситуација кога зголемувањата на платите се анулирани само со понатамошни зголемувања на цените и затоа треба да бидете одговорни, изјави Џонсон.

Тој додаде дека „севкупно” Банката на Англија направила извонредна работа во управувањето со инфлацијата во изминатите 25 години и дека неодамнешниот пораст на цените е последица на глобалните проблеми со инфлацијата.