Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис уште еднаш го покажа својот квалитет и постави нов рекорд во скок со стап на отворено.
Дуплантис го урна сопствениот рекорд, кој сега изнесува 6,16, а го постави на митингот на Дијамантската лига во Стокхолм пред својата публика.
Швеѓанецот беше една од најголемите атлетски ѕвезди на Светското првенство во сала во Белград, па ја воодушеви и српската публика.