На 02.07.2022 во 16:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „БорисТрајковски“, Љ.Д.(49) од Скопје, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Љ.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.