петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден битолчанец, со мопед паднал од коловозот

Тешко повреден битолчанец, со мопед паднал од коловозот
илустрација

На 21.10.2023 во 13:35 часот било пријавено дека во Битола на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Север – југ“, Г.М.(53) од Битола, управувајќи мопед „ркс“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.