сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата „удри“ по возачите на мотоцикли: Казнети дури 751, одземени 28 мотоцикли

Полицијата „удри“ по возачите на мотоцикли: Казнети дури 751, одземени 28 мотоцикли

Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 751 возач. Од нив, 488 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.