недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ниту рководството, ниту новиот тренер не знаат дали Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Ниту рководството, ниту новиот тренер не знаат дали Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Ниту раководството на клубот ниту главниот тренер Ерик тен Хаг не знаат дали напаѓачот Кристијано Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед.

Според „ESPN“ Португалецот најверојатно ќе ги пропушти сите тренинзи на тимот оваа недела.

Исто така, не се знае дали Роналдо ќе учествува на турнеја на Манчестер јунајтед во Тајланд и Австралија која е во рамките на подготовките за новата сезона.

Претходно медиумите пишуваа и дека агентот на Роналдо се сретнал со раководството на Барселона за да разговараат за иднината на фудбалерот. Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед на крајот на август 2021 година.

Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.