четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ричарлисон ќе го пропушти првиот натпревар на Тотенхем во новата сезона

Ричарлисон ќе го пропушти првиот натпревар на Тотенхем во новата сезона

Новајлијата на Тотенхем, Ричарлисон ќе го пропушти првиот официјален натпревар на тимот во сезоната 2022/23. Фудбалската асоцијација на Англија го суспендираше 25-годишниот Бразилец на еден натпревар.

На натпреварот од 35. коло во Премиер лигата меѓу Евертон и Челзи (1:0), навивачите фрлаа пиротехнички производи на теренот по голот на Ричарлисон. Напаѓачот зеде една од димните бомби во рацете и ја фрли назад кон навивачите.

Покрај дисквалификацијата, напаѓачот е казнет и со 25.000 фунти поради неприфатливо однесување.

Ричарлисон се пресели од Евертон во Тотенхем на 1 јули за 58 милиони евра. Првиот натпревар на Тотенхем во сезоната 2022/23 ќе се одигра на 6 август против Саутемптон во рамките на 1. коло од Премиер лигата.  (МИА)