петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Црвен аларм“ за лошо време во Грција

„Црвен аларм“ за лошо време во Грција

Грчките власти издадоа „црвен аларм“, предупредување за поројни дождови и силни бури, јавуваат грчките медиуми.

Лошите временски услови опфатија голем број грчки региони. Десетици куќи и автомобили се поплавени. 

На Халкидики, надојдените води носеа автомобили и лежалки од плажите.

Во областа на Волос, десетици куќи беа поплавени, а пожарникарите ги спасуваа туристите.

Има поплава во предградието на Атина, Мандра, каде што водата достигна половина метар на улиците.

(Миа)