вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Култура

На БитФест во Битола вечерна поп симфонија

На БитФест во Битола вечерна поп симфонија

Битолското културно лето БитФест продолжува со Балкан гала фестивал, односно со поп симфонија која ќе се одржи на ракометното игралиште во Битола.

Од Општина Битола информираат дека најпопуларните проекти на Камерниот oркестар на Битола ќе бидат во комбинација со најдобрите домашни и најпознатите изведувачи од Балканот.

Вечер во 20.30 часот на ракометното игралиште ќе настапат Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.