На регионалниот пат во близина на крстосницата с. Црничани – Богданци, вчера околу 12.30 часот, А.С. (29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, коешто излегло надвор од коловозната лента и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гевгелија е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје на понатамошно лекување, додека сопатникот Д.П.(33) од Скопје, се здобил со телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.