петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Олимпијакос се засили Ајзеа Кањан

Олимпијакос се засили Ајзеа Кањан

Грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос од Пиреја доведе уште едно засилување. Тренерот Јоргос Барцокас може да смета на искусниот 181-сантиметри висок бек, Ајзеа Кањан.

Кошаркарот, потпиша договор на една сезона со црвено-белите. Кањан блесна во дресот на Уникс, но по суспензијата на руските клубови во европските натпреварувања, Американецот замина во Галатасарај во март годинава. По само три месеци заминува од Турција и се сели во Грција.

Во својата богата кариера, 32-годишниот Кањан настапуваше за Хјустон, Филаделфија, Чикаго, Минесота и Милвоки.

Пред потписот на Кањан, Олимпијакос потпиша со Боломбеј и Питерс.