сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Кејн и Сон „колабираа“, Конте немилосрдно ги форсира „петлите“

ФОТО: Кејн и Сон „колабираа“, Конте немилосрдно ги форсира „петлите“

Англиските медиуми споделија фотографии од тренинг на екипата на Тотенхем. Бруталниот физички тест на Антонио Конте беше вистински проблем за играчите на тимот.

Фудбалери, како Хари Кејн и Хеунг Мин Сон, не ја издржаа вежбата, по која многумина паднаа на тревникот и едвај можеа да земат воздух. Дури 6.000 навивачи беа присутни на тренингот и имаа можност да видат низ каков „пекол“ минуваат големите фудбалски ѕвезди на премиерлигашот.

Конте е познат по своите методи на работа, кои бараат максимум од фудбалерите. Тоа го прави еден од најдобрите тренери на денешницата.