сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СТРАШНИ СНИМКИ: Силен земјотрес од 6 степени во Еквадор

СТРАШНИ СНИМКИ: Силен земјотрес од 6 степени во Еквадор

Земјотрес со јачина од шест степени е регистриран северно од еквадорскиот град Гвајакил, соопшти локалниот Геофизички институт.

– Регистриран е земјотрес во 17.30 часот по локално време со јачина од шест степени, на длабочина од 57,83 километри на 12,59 километри од општината Симон Боливар, Гуајас, се вели во објавата на Институтот на Твитер.

Според локалните медиуми, силни потреси се почувствувани во градовите Гвајакил, главниот град Кито, Санто Доминго, Амбато, Сигос и Куенка. Засега нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.