Машката селекција на Македонија за кошаркари до 20 години имаше успешен почеток на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое стартуваше денеска во Тбилиси, Грузија.
На премиерниот натпревар славеа убедлив триумф против репрезентацијата на Австрија со конечен резултат 90:54.
Кај стрелците за Македонија доминираше Миловановиќ со 15 поени (пет скокови, четири асистенции), а кај Австријците Заф беше прв стрелец со 10 поени.
В сабота (16 јули) од 14.45 часот, нашата младинска репрезентација во вториот меч на ЕП ќе игра против Шведска која на стартот славеше против Косово со 81:69.