четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Младите кошаркари поразени од Шведска на ЕП во Тбилиси

Младите кошаркари поразени од Шведска на ЕП во Тбилиси

По вчерашната убедлива победа над  Австрија, денеска  машката младинска селекција на Македонија е поразена од Шведска во дуел од  „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 20 години, што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Избраниците на селекторот Василев во натпревар од 2.коло од Б групата загубија од  Шведска со 92-90. Иако на крајот беше само два разлика, сепак од самиот почеток „Викинзите“ ја имаа контролата над резултатот, а победата ја најавија уште по првата четвртина која ја добија со 14 поени разлика.

Жолтите-црвените утре од 12:30 часот ќе играат против селекцијата на Косово, по што ќе имаат двата слободни дена, за во последното коло, закажано за во среда, да се судрат со домашната селекција на Грузија.

Потсетување дека само двете првопласирани репрезентации од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, а трите најдобри селекции од ова првенство ќе се изборат за настап во по елитната А дивизија следната година.