вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ељиф Елмас во Милан за 40 милиони евра?

Ељиф Елмас во Милан за 40 милиони евра?

Најдобриот македонски репрезентативец, Ељиф Елмас, може да направи трансфер ова лето и да ги напушти редовите на Наполи, тим каде што со успеси настапува во последните три сезони. Бројни италијански медиуми пишуваат дека „дијамантот“ е голема желба на Стафано Пиоли, тренерот на шампионот во Серија А, Милан, кој во нашиот репрезентативец гледа како идеално засилување за нападот.

Наводно, Наполи нема проблем да го продаде својот офанзвиец, но само ако добие примамлива понуда. Џузепе Витоло, новинар во „ТАГ 24“ пишува дека раководството на наполитанците ќе даде „зелено светло“ доколку на нивна адреса пристигне понуда од 40 милиони евра.

„Интересот на Малдини и Масара за Елмас е конкретен. Тие знаат дека може да добијат фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, и Наполи сериозно ја разгледува опцијата да го продаде,. Сепак, Милан ќе треба да ја зголеми понудата, бидејќи моментално е далеку од тоа што го бара Аурелио Де Лаурентис, а тоа се – 40 милиони евра“, пишува Витоло.

Елмас во Наполи е три сезони, а во минатата беше еден од најстандардните во тимот. Одигра вкупно 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и забележа пет асистенции.