петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Висар и Дарко се „столбови“, Џани и Трајковски најредовни, Елмас и Барди најопасни…

Висар и Дарко се „столбови“, Џани и Трајковски најредовни, Елмас и Барди најопасни…

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши патот кон Светското првенство (СП) во Катар во финалниот бараж со пораз од Португалија (0-2). Ова беше најуспешен квалификациски циклус за едно СП за нашиот национален тим, а кои беа играчите кои статистички го одбележаа?

Најдобри играчи на Македонија, посебно во плеј-офот, беа Дарко Велковски и Висар Муслиу. Двајцата столбови во одбраната одлично се справија со главните ѕвезди на Италија и Португалија и беа перфектни во дефанзивата. На листата по број на одземени топки, Висар Муслиу е прв со вкупно 84, пред Дарко Велковски со 67 топки. А, исто така и Македонија е прва меѓу репрезентациите по бројот на одземени топки – 488, пред Австрија со 451.

Статистички најфаулираниот играч во Македонија за време на квалификацискиот циклус беше Енис Барди – врз него беа направени 27 прекршоци. Најборбен на теренот беше Тихомир Костадинов кој направи 16 прекршоци, токму затоа доби и најмногу жолти картони од сите играчи – вкупно четири.

Само Езџан Алиоски и Столе Димитриевски ги одиграа сите натпревари за Македонија, вкупно 12. Најдобар стрелец беше Александар Трајковски со пет гола, пред Ељиф Елмас и Енис Барди со четири реализации. Најопасни од составот на Македонија во нападот беа Ељиф Елмас – вкупно 23 обиди кон голот (9 во рамки, 10 надвор од рамки, 4 блокирани), пред Енис Барди со 19 можности – (6 во рамки, 7 надвор од рамки, 6 блокирани).