Приближно 100 милиони Американци од Калифорнија до Мејн се соочени со предупредувања за претпазливост од екстремни горештини кои деновиве редовно пристигаат од Националниот метеoреолошки сервис.
За денеска, сервисот предупреди за огромен жежок бран во централниот дел на земјата без најава да запре, јави Њујорк тајмс.
Дел од југоисточните и јужните рамнини во кои спаѓаат државите како Њу Мексико, Тексас, Оклахома и Канзас, како и Луjзијана и Арканзас, се соочуваат со горештини од над 40 степени Целзиусови. Додека влажноста на воздухот во делови од Оклахома и Тексас може да ги зголеми температурите и до над 45 степени.
Според метеоролозите, во Оклахома Сити е забележана рекордна температура од 43,3 степени, а во Остин, Тексас 40 дена по ред температурата не се симнала под 38 степени.
Првата помош во Оклахома Сити и во Тулса деновиве е зафатена со многу случаи на итни повици поради заболувања поврзани со жештината.
Жешкиот бран со очекува да дојде и во североисточните делови на САД.
Така, во Њујорк властите најавија отворање на центри за ладење. Центрите се во лобијата и климатизираните простории на хотелите, зградите и бизнис центрите, коишто ќе бидат отворени за граѓаните.
Некои плажи во Њујорк, како многу посетената Рокавеј во Квинс, деновиве пак, со зголемените температури, се затворени, поради појава на ајкули во близината на брегот, па дури и во плиткото.
Во Лонг Ајленд пак, плажите не се затворени, но има патроли за ајкули. На плажата Лидо во неделата била забележана ајкула, денеска се пријавени два случаи на напад. Во изминатите денови се забележани пет такви напади на ајкули, во кои во еден случај имаше и повредено лице.
Експертите не веруваат дека причината за зголемениот број на ајкули во крајбрежјето на Њујорк е поради високите температури на водата и размножувањето на ајкулите, и дека опасноста од ајкули е минимална.