Новата ѕвезда на Баерн Минхен, Садио Мане по вторпат ја доби наградата за најдобар фудбалер од Африка.
Мане со селекцијата на Сенегал стана шампион на Африка, а имаше одлична сезона и во Ливерпул, признание за игрите е наградата за најдобар африкански фудбалер.
Тој вторпат ја добива оваа награда, првпат беше избран пред три години.
Второто место му припадна на веќе неговиот поранешен соиграч, Мохамед Салах, а трет беше голманот на Челси, Едуард Менди.