Хрватски пасош ќе добие 27-годишниот Американец Џејлен Смит (193 см). Минатата сезона тој играше во Алба Берлин, а според најавите во новата сезона ќе го носи дресот на Фенербахче.
Смит беше клучен играч во решавачкиот натпревар во финалето на германската Бундес лига во кое ја предводеше Алба до победата над Баерн со 23 поени.
Во Евролигата имаше просек од 8,3 поени со 2,3 асистенции и 2,2 скока по натпревар.Долги години Хрватите веруваа во своите кошаркари, на крајот лошите резултати ги натераа челнците на Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС) да натурализира странец пред Евробаскетот.