вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Земјотресот во БиХ, се почувствува и во Хрватска: „Се тресеше 10 секунди“

Земјотресот во БиХ, се почувствува и во Хрватска: „Се тресеше 10 секунди“

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина околу 10:08 часот, а беше почувствуван и во Пожега.

Според апликацијата ЕМСЦ, епицентарот бил на 72 километри северно од Бања Лука на длабочина од околу 10 километри.

Според соопштението на Сеизмолошката служба на Република Хрватска, земјотресот е регистриран во 10 часот и 8 минути, бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил северно од Бања Лука, меѓу Ивањска и Лакташ. Јутарњи лист.

Сеизмолозите го окарактеризираа земјотресот како слаб, а интензитетот во епицентарот го проценија на III-IV степен ЕМС.

„Почувствувавме земјотрес. Се тресеше 10 секунди“, е само еден од коментарите на апликацијата EMSC, пренесува 24sata.hr.