недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се пролонгира почетокот на Серија А?!

Се пролонгира почетокот на Серија А?!

Тропските горештини во Европа прават сериозен проблем за почеток на државните првенства.Високите температури прават голема веројатност да го пролонгираат почетокот на Серија А, а такво нешто најави претседателот на Серија А, Лоренцо Касини.

Ако вака се високи температурите и следните денови, ќе биде доста тешко да се почне првенството на 13. август како што е планирано. На Европа секако ја чека тешка сезона и поради Мундијалот во Катар, но ние имаме простор затоа што Италија нема да биде дел од СП годинава“, истакна Касини.

Милан влегува во новата сезона како актуелен шампион и бранител на трофејот, а „росонерите“ во ЛШ ќе ја претставуваат Италија заедно со уште Јувентус, Наполи и Интер.