Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има во Полошкиот регион, Велешко и Струмичко, информираат од УХМР.
Во Скопје во моментов има засилен ветер, а на некои места почнува дожд.
УХМР информира дека во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови.