сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Бројот на новозаразени во Србија надмина 5.000, осум лица починаа

Бројот на новозаразени во Србија надмина 5.000, осум лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 5.105 нови случаи на коронавирусот, а осум лица починале.

Во Србија досега со овој вирус се заразиле вкупно 2.088.966 лица, а регистрирани се 16.223 смртни случаи. Во моментов има 504 пациенти на болничко лекување, од кои 18 се на вентилатори.

Во последните 24 часа тестирани се 14.532 лица, или вкупно 10.139.658.