Поради грмотевици издадено е портокалово предупредување за делови од Далмација. На Вир врнеше град, а во Шибеник паѓаше силен дожд, придружен со грмежи и налети на ветер
– Ги скина лисјата и тендата. Беше сончево, а потоа наеднаш започна бура. Јас и мајка ми едвај ја затворивме вратата од балконот кога почна, и малку вода ни влезе во куќата. Не се сеќавам кога последен пат сме имале вакво невреме на Вир, ме изненади, изјавила жителка на Вир за 24сата.хр.
Невремето се спушти на југ до Шибеник, каде имало силен дожд проследен со налети на ветер и силни грмежи.
– Утрово паѓаше малку дожд, но сега наеднаш се поцрни и почна силно да грми. Дува силен ветер и врне силен дожд, изјави читател од Шибеник за 24сата.хр
Температурата нагло падна во попладневните часови, јавуваат медиумите.