четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бре Ајви останува во шампионот МЗТ Скопје

Бре Ајви останува во шампионот МЗТ Скопје

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје го продолжи договорот со Бре Ајви.

Американскиот плејмејкер пристигна при крајот на ланската сезона. На шеснаесет одиграни натпревари запиша просек од 10,5 поени 4,1 скок и 4,3 асистенции. Аеродромци ги сочуваа своите најдобри играчи кои беа дел од тимот кој ја освои деветтата шампионска титула.

Нови договори добија Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Дамјан Стојановски, по едногодишна пауза се врати Андреј Магдевски, а новајлии во ростерот се Американците Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец, Страхиња Миќовиќ.