ОВР Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против А.Ј.(27) од с.Сарандиново, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 30.07.2022 околу 02:00 часот, во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед во возило „мазда 6“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле 37 таблети екстази и ќесе со кокаин.
Од Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.