недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Французите кои ќе потпишат за руски екипи не може да играат за репрезентацијата

Французите кои ќе потпишат за руски екипи не може да играат за репрезентацијата

Кошаркарскиот сојуз на Франција ги исфрли сите кошаркари кои ќе потпишат за руски или белоруски клуб, а причина за тоа е војната во Украина.

Федерацијата ќе бара од кошаркарките и кошаркарите кои ќе бидат избрани да ја претставуваат Франција да потпишат заклетва дека нема да имаат поврзаност со руски или белоруски клуб додека трае воениот конфликт.

Доколку некој играч го прекрши договорот, тогаш нема да биде во конкуренција за Олимписките игри во Париз во 2024 година.