Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска објави дека разговарал со премиерот на Косово, Албин Курти и додаде дека двете страни мора да останат воздржани.
„Разговарав со Албин Курти за неодамнешните тензии во Косово и континуираното значење на присуството на нашата мисија КФОР. Сите страни мора да останат воздржани, да избегнуваат еднострани потези и да го поддржат дијалогот со посредство на Европската унија“, напиша Стотенберг на Твитер. (МИА)