ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Л.(29) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24.12.2021 на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот и возилото во кое се превезувал, при што кај него бил пронајден и одземен амфетамин.