петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Повик до млади поети за учество на „Отскочна даска“

Повик до млади поети за учество на „Отскочна даска“

Скопскиот поетски фестивал, чиешто второ издание ќе се одржи од 29 август до 1 септември, годинава организира преднастан „Отскочна даска“. Станува збор за поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена.

-Настанот ќе има натпреварувачки, но ферски карактер. Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот, соопштија од фестивалот.
Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат свои две песни на мејлот „[email protected]“ најдоцна до 10-ти август.
Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на фејсбук и инстаграм страниците на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница „Буква” и од Младинскиот културен центар – Скопје.