среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Протест во Црна Гора поради Темелниот договор, полицијата го блокира приодот до вилата

ВИДЕО: Протест во Црна Гора поради Темелниот договор, полицијата го блокира приодот до вилата

Неколку десетици граѓани се собраа во близина на вилата Горица во знак на протест поради потпишувањето на Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ).

Полицијата го блокираше приодот до Вилата.

Темелниот договор утрово во 10 часот го потпишаа премиерот Дритан Абазовиќ и патријархот на СПЦ Порфирије.

Дел од медиумите претходно најавија дека потпишувањето ќе се случи на 3 август, но премиерот Дритан Абазовиќ тогаш тоа го демантираше.