недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР предупреди, но Оливер Спасовски и МВР останаа глуви: Фрчат заскитани куршуми низ Скопје и Македонија

КУРИР предупреди, но Оливер Спасовски и МВР останаа глуви: Фрчат заскитани куршуми низ Скопје и Македонија

Во Скопје и ова лето традиционално се пука од огнено оружје за семејните веселби, па речиси секој ден во полицискиот билтен има регистрирано вакви инциденти, ако не во скопскиот, тогаш во тие од СВТ Тетово.

За среќа досега само една жена во Тетово беше полесно повредена од заскитан куршум.

Само во денешниот билтен се заабележано три иниденти во Скопје.

-На 03.08.2022 во 16.46 часот во СВР Скопје, И.А.(44) од Скопје пријавил дека неговото возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано во неговиот двор, било оштетено од залутано зрно. Истиот ден околу 22часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.О.(41) од Скопје пријавила дека од залутано зрно бил оштетен прозорец од нејзиниот стан на подрачјето на Ѓорче Петров. Дваесеттина минути подоцна 22.20 часот во ПС Чаир, Г.К.(38) од Скопје пријавил дека околу 22.15 часот, помеѓу неговата и куќата на неговиот сосед, пронашол залутано зрно.И во овие случаи увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, која ги подигнала зрната за понатамошна постапка.

И завчера се случил сличен инцидент.

На 02.08.2022 во 22.43 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.В.(39) од с.Добридол, скопско, пријавила дека околу 22.05 часот на фасадата од нејзината куќа ја оштетило залутано зрно.

Пред неколку дена екипата на Курир излезе на терен во скопската населба Бутел од каде добивме повик од загрижени и прелашени граѓани поради рафалните истрели од автоматска пушка во оваа скопска населба.

Граѓаните од Бутел ни се пожалија, но според нивните изјави тие беа и многу гневни на министерот Спасовски, но и на тоа дека полицијата иако ги слуша овие истрели не презема ништо.

Рафали од автоматско оружје се слушаат во скопски Бутел: Спасовски по дома може да кажува дека сме безбедни, нас не може да не лаже

-Вака е веќе неколку месеци, знаеме дека има свадби и прослави, но ова веќе е неподносливо, ни посведочи средовечен маж.

-Па војна да имаше вака немаше да се пука, полицијата се прави како ништо да не слуша, работат ли нешто тие полицајци, страв ми е детето да го извадам во парк, се плашам дека ќе го погоди некој заскитан куршум, вели во телефонско јавување една мајка за нашиот портал.

-Оливер Спасовски и неговите пајташи, ако толку многу не убедуваат дека државава ни е безбедна ќе успееа да е справат со овие прослави.  Луѓе многу е едноставна работата. МВР знае каде се наоѓаат рестораните, МВР знае каде има свадби, многу е едноставно, нека одата на терен и нека се справат со ваквите пиштолџии, мене веќе ми е преку глава од овие пајташи, Спасовски може да ги убедува женаму и децата дека државава е безбедна, ама нас не, вели за КУРИР маж кој пред извезсно време бил сведок на ваков инцидент, вели дека пријавил, ама прославата во близина на неговото живеалиште продолжила со исто темпо.

Ова беа само дел од нивните изјави пред нашата екипа.

Но ваквата состојба во Бутел, Чаир, Шуто Оризари и денес не е променета, постојано се слушаат истрели од различни страни, а како што можеме да видиме според билтенот на МВР кој е преполн со вакви пријави ситуацијата воопшто не е променета, полицијата воопшто не реагира или пак доцна излегува на терен, а оние кои користат автомати имаат време истиот да го сокријат.

Само за потсетување, поседување на автоматска пушка во Република Македонија според ЗКП е забрането, а доколку сторителот на вакво кривично дело е фатен му се заканува голема затворска казна.

Па оттука уште една прашува дали МВР и Оливер Спасовски ќе се разбудат од „зимскиот сон“ и ќе почнат да делуваат пред овие куршуми некого да усмртат?!

 

фотографијата на оваа вест е стара, а истата е од заскитани куршуми кои во 2018 година беа паднати во автомобил на тетовец

Најнови вести