Јирген Клоп немаше воопшто позитивен впечаток од првото издание на неговиот тим во Премиер лигата и ремито остварено на гостувањето кај Фулам, односно нагласи дека единствено добро од тој меч е резултатот 2:2.
Освоениот бод на „Кревин Котиџ“ е премал залак за шампионските амбиции на „црвените“, кои новата сезона ја започнаа со неколку повреди, а сега малерот продолжува и по компплетирањето на првото коло.
Тиаго Алкантара не го доигра мечот со Фулам, а за жал, деталните лекарски прегледи покажале дека мускулната повреда е од посериозен карактер.
Според последните вести од Англија, Алкантара има истегнување од потежок степен на заднажата ложа, поради што ќе отсуствува во период од шест седмици.