Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека мадридскиот клуб ќе биде последен во неговата тренерска кариера.
– Оваа фаза од кариерата во Реал Мадрид ќе биде последна. После „кралевите“ ќе завршам. Реал Мадрид е врв на фудбалот. После такво искуство, има смисла да се стави крај на кариерата, го цитира Анчелоти „Ил Месаџеро“.
Италијанецот се произнесе и за најважниот трофеј за Реал Мадрид во сезоната 2022/23.
– Најважниот трофеј во претстојната сезона? Лигата на шампионите. За историја и степен на тежина. Реал Мадрид е посебен клуб поради овој европски призвук. Нашиот петнаесетти трофеј во Лигата на шампионите ќе биде следен, рече Анчелоти.
Шеесет и тригодишниот тренер го водеше Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а во клубот ќе се врати во 2021 година. Неговиот договорот е до 2024 година.
Со мадридскиот тим Анчелоти го освои шампионатот на Шпанија, Купот и Суперкупот на земјата, двапати стана победник на Лигата на шампионите и победник на Суперкупот на УЕФА. (МИА)