четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Еве каде се движи невремето од Кавадарци, УХМР најавува поројни врнежи

ФОТО: Еве каде се движи невремето од Кавадарци, УХМР најавува поројни врнежи

Кавадарци вечерва беше погодено од силно невреме со пороен дожд.  Од УХМР објавија како се движело нестабилното време кое носи пороен дожд и грмежи.

На фотографијата, најстарите грмежи се со зелена боја и се во подрачјето на Кавадарци и Неготино, а најновите се со црвена боја во Свети Николе.

Претходно, од УХМР информираа дека до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Процесите локално, особено во ноќните часови ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според УХМР, од понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.

Најнови вести