Македонската машка кошаркарска репрезентација предводена од новиот селектор Александар Јончевски, веќе неколку дена е во Маврово, каде што се подготвува за почетокот на новиот квалификациски циклус, за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година.
По еднонеделните подготовки во Маврово кошаркарите ќе продолжат во Скопје до претстојниот прв предизвик во групата во претквалификациите и дуелот со Данска, на гости на 25 август, а три дена потоа и со Словачка на домашен терен.
Македонија во овие претквалификации за пласман во квалификациите за ЕП 2025 е во групата Д, заедно со репрезентациите на Данска, Словачка и на Норвешка. Само првопласираната репрезентација ќе игра во квалификациите за континенталното првенство, а другите ќе играат во уште еден претквалификациски циклус.