Во Клиничкиот центар Црна Гора на лекување се наоѓаат три пациенти од кои еден е животно загрозен поради здобиените повреди во масовното пукање во Цетиње пред два дена.
Пациентот кој бил сместен на Клиниката за неврохирургија е отпуштен и е на домашно лекување.
-Останатите тројца пациенти се уште се сместени на интензивното одделение од кои двајца се надвор од животна опасност, додека третиот пациент и натаму е во тешка состојба поради здобиените повреди и во моментов животот му е загрозен, велат од Клиничкиот центар.
Во Цетиње денеска во 10 часот беше одржана комеморативна седница за трагично загинатите. Попладнево се одржуваат погребите на осум жртви.