вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

149 мерки за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје, 13 дури над 70 км на час над дозволеното

149 мерки за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје, 13 дури над 70 км на час над дозволеното

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени вкупно 149 мерки за пребрзо возење (ТЕ-119 и ГВ-30). 82 од мерките (ТЕ-52 и ГВ-30) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои 13 (ТЕ-5 и ГВ-8) биле за повеќе од 70 километри на час.

Во контролата биле санкционирани и 67 возачи ( сите на територија на Тетово), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 5 за повеќе од 50 километри на час.Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 12 други видови прекршоци.