сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НОВ ИНЦИДЕНТ НА АВТОПАТОТ ТРАКИЈА: Се запали автобус во кој се возеле 50 лица (ФОТО)

НОВ ИНЦИДЕНТ НА АВТОПАТОТ ТРАКИЈА: Се запали автобус во кој се возеле 50 лица (ФОТО)
фото: Ministry of the Interior - Burgas

Повторно затворен автопатот Тракија кај Бургас поради нов инцидент.

Имено, на автопатот гори автобус, сопственост на општински превозник во кој се возеле 50 лица.

фото: Regional Directorate of the Ministry of Internal Affairs in Burgas

Инцидентот се случил попладнево, а групата патувала за Аитос. На лице место се две противпожарни екипи кои го гасат пожарот. Според информациите, пожарот започнал од моторот на автобусот.

Нема информации за повредени лица. Сообраќајот се пренасочува по заобиколните правци, за сообраќај е отворена само најлевата лента во правец на Софија.