Еден од најдобрите кошаркари на поранешна Југославија, Радивој Корач, официјално ќе биде примен во „Куќата на славни“ во Спрингфилд на 10 септември, објави организацијата на својот официјален сајт.
Покрај Корач, кој загина во 1969 година на 30-годишна возраст, во „Куќата на славни“ во септемвриската класа ќе бидат примени Тим Хардавеј, Ману Џинобили, Боб Хигинс, Џорџ Карл, Хју Еванс, Дел Харис, Лу Хадсон и Лери Костело.
Во женска конкуренција нови членки на „Куќата“ во Спрингфилд ќе станат Линдзи Вејлен, Свин Кеш, Маријан Стенли и Тереза Шанк-Гренц.
Корач ќе биде петтиот српски кошаркар во „Куќата на славни“ по Борислав Станковиќ (1991), Александар Николиќ (998), Дражен Далипагиќ (2004) и Владе Дивац (209). МИА