вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Трет пораз на македонските кошаркари на Европското кадетско првенство во Скопје

Трет пораз на македонските кошаркари на Европското кадетско првенство во Скопје

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години загуби вечерва од Турција со 82-74 во осминафиналето на Европското кадетско првенство А дивизија, чиј домаќин е Скопје.

По двата високи порази во групната фаза од Грција и Шпанија, македонските кошаркари одлично влегоа во вечерашната пресметка и поведоа со 7-0 и 9-2, но Турција веќе до крајот на првата четвртина го сврте резултатот во своја корист (19-12), а на полувреме обезбеди уште повисока предност од 15 поени (43-28).

Македонските кошаркари имаа слаба реализација на шутот од поле и дури 25 загубени топки што на крајот се покажа пресудно за победата на Турција.

Најистакнат во македонските редови беше Марко Луканоски со дабл – дабл ефект од 13 поени и 20 скокови.

Со вечерашниот пораз Македонија во продолжението на Европското првенство ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место и ќе се обиде да ги избегне последните три места кои водат во Б дивизијата. (МИА)