вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Илон Маск твитна дека го купува омилениот фудбалски клуб, па објави дека се шегувал

Илон Маск твитна дека го купува омилениот фудбалски клуб, па објави дека се шегувал

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека се шегувал кога кажал дека има намера да го купи Манчестер Јунајтед е шега.

Ноќта помеѓу 16 и 17 август, Маск објави на Твитер дека ќе го купи англискиот клуб.

– Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на ова, би го избрал Манчестер јунајтед. Ова е мојот омилен тим уште од детството, објасни Маск на својот Твитер.

Манчестер јунајтед е во мнозинска сопственост на наследниците на американскиот бизнисмен Малколм Глејзер, кој го купи клубот во 2005 година, а почина во мај 2014 година.