На 19.08.2022 во 20.45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.(21) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.08.2022 во 21.10 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(20) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и една дигитална вага со остатоци од марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.