понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колку заработуваат светските лидери: Трамп за цела година има 1 долар плата, а овој премиер инкасира 2.2 милиони долари

Колку заработуваат светските лидери: Трамп за цела година има 1 долар плата, а овој премиер инкасира 2.2 милиони долари

Бидејќи е еден од најбогатите луѓе, Трамп се откажал од годишната претседателска плата, која изнесува 400.000 долари и прифатил да има годишна заработка од 1 долар, бидејќи според законот, тоа е најмалата сума која претседателот би требало да ја прима.

1. Доналд Трамп (Претседател а САД) – 1 долар

Бидејќи е еден од најбогатите луѓе, Трамп се откажал од годишната претседателска плата, која изнесува 400.000 долари и прифатил да има годишна заработка од 1 долар, бидејќи според законот, тоа е најмалата сума која претседателот би требало да ја прима. Трамп не е единствен претседател кој тоа го одлучил, исто постапиле и Хувер и Кенеди.

2. Петро Порошенко (Претседател на Украина) – 12.220 долари

Списанието „Форбс” објави дека Перошенко е шестиот најбогат човек во Ураина, бидејќи неговото богатство изнесува околу 1.3 милиони долари. Тој месечно заработува 1.018 долари, што значи дека неговата дневница е 33 долари.

3. Кси Јинпинг (Претседателна Кина) – 20.500 долари

Кинескиот претседател не е многу побогат од Перошенко и неговата месечна плата изнесува 1.716 долари. Тој и неговото семејство немаат никаков бизнис, што значи дека живеат само од претседателската плата, иако имотот на неговите роднини е проценет 365 милиони долари.

4. Саули Ниинисто (Претседател на Финска) – 146.700 долари

Овде веќе се работи за сериозна плата. Финска е многу богата држава, па затоа и претседателската плата е толку висока. Ниинисто месечно заработува преку 12.000 долари, што значи дека неговата дневница изнесува 402 долари.

5. Владимир Путин (Претседател на Русија) – 151.000 долари

Претседател на Русија месечно заработува 12.548 долари, што е прилично јака плата, особено кога ќе се земе во предвид дека минималната плата во Русија е околу 140 долари.

6. Тереза Меј (Премиерка на Обединетото Кралство) – 198.500 долари

Премиерката Меј знае да ужива во животот, а не е ни чудно затоа што она месечно заработува 16.452 доари, што значи дека секој месец може да си купи прилично добар автомобил.

7. Емануел Макрон (Претседател на Франција) – 211.500 долари

На сите ни е познато дека Французите сакаат да живеат на висока нога. Претседателот Макрон е еден од Французите со највисока плата. Месечно Макрон заработува 17.628 долари, односно 480 долари дневно.

8. Џими Моралес (Претседател на Гватемала) – 232.000 долари

Пред да биде претседател, Моралес бил комичар и глумец, па потоа запловил во политичките води, кои му донеле вистинско богатсво. Тој месечно заработува 19.300 долари, што е навистина добра плата. Сепак тој покажал дека е великодушен, па секој месец 60% од својата плата ја донира во добротворни цели.

9. Ангела Меркел (Канцеларка на Германија) – 263.000 долари

Популарната Ангела Меркел месечно заработува 22.000 долари, односно 720 долари дневно. Тоа е неостварен сон на многу политичари и бизнисмени. Сепак, иако има многу висока плата, таа одлучила да живее скромен живот и живее во нормална зграда на пет спрата, во Германија.

10. Џастин Трудо (Премиер на Канада) – 267.000 долари

Џастин Трудо има малку поголема плата од Ангела Меркел и месечно заработува нешто повеќе од 22.000 долари. Трудо е познат по тоа што слободното време го поминува со разни светски милионери, така што големата количина на пари сигурно не му пречи.

11. Малком Турнбол (Премиер на Австралија) – 403.700 долари

Турнбол е трет лидер со најголема плата и тој месечно заработува преку 33.000 долари. Меѓутоа, иако е мултимилионер, Турнбул не сакал да се откаже од својата плата како Трамп, па продолжил да ги добива овие примања, покрај своето огромно богатство.

12. Дорис Летард (Претседателка на Швајцарската конференција) – 437.000 долари

Оваа дама месечно заработува 36.000 долари, што значи дека нејзината дневница изнесува 1.200 долари. Тоа што е поимпресивно е всушност тоа што сите други министери во Швајцарската влада имаат слична плата како Дорис Летард.

13. Ли Хсиен Лонг (Премиер на Сигнапур) – 2.2 милиони долари

На прво место се наоѓа премиерот Лонг, кој месечно заработува 147.000 долари, односно 7.350 долари на ден, што е исклучително голема сума на пари. Премиерот за својата плата вели дека е фер и реална и дека тој заслужува толкави примања. Тоа што е уште по шокантно е тоа дека платата на Лонг претходно била поголема, но поради незадоволноста што ја искажал народот, намалена е за 36%.

извор: tocka.com.mk