понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сити се спасуваше против Њукасл и ја продолжи серијата од 15 натпревари без пораз во Премиер лигата

Сити се спасуваше против Њукасл и ја продолжи серијата од 15 натпревари без пораз во Премиер лигата

Манчестер сити ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата на 15 натпревари. Денеска избраниците на Пеп Гвардиола одиграа нерешено со Њукасл (3:3) во 3. коло од Англиското фудбалско првенство.

Њукасл до 60. минута водеше со 3:1, но не издржа во последните 30 минути и на крајот мораше да се задоволи со бод.

Последен пат „граѓаните“ загубија во лигата на 19 февруари од Тотенхем со 3:2. Оттогаш имаат 11 победи и четири нерешени.

Манчестер сити ќе се соочи со Кристал Палас на следниот натпревар закажан за 27 август.