вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Хрватско-српскиот филм „Чичко“ вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Хрватско-српскиот филм „Чичко“ вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Битола, 24 август 2022 (МИА)–Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со програмските содржини, а во рамки на натпреварот за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ вечер ќе биде емитуван хрватско-српскиот филм „Чичко“ во режија на Давид Капац и Андрија Мардесиќ, а кинематографер е Милош Јаќимовиќ.

Хрватско-српскиот филм „Чичко“ светска премиера имаше на фестивалот Карлови Вари во Чешка, каде го доби признанието „Проксима“, потоа беше емитуван на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска каде режисерите и сценаристи Капац и Мардесиќ беа наградени за филм со најдобро сценарио, а неодамна филмот беше емитуван и на Фестивал на европскиот филм во Палиќ, крај Суботица.

Меѓународната презентација на „Чичко“ во кој главната улога ја толкува познатиот српски актер Предраг Мики Манојловиќ, продолжува вечер во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“, каде според програмата ќе биде емитуван и италијанскиот филм во конкуренција „Осумте планини“ во кој кинематографер е Рубен Импенс.