среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шенгелија ќе го пропушти Евробаскет 2022 поради повреда на рамото

Шенгелија ќе го пропушти Евробаскет 2022 поради повреда на рамото

Капитенот на грузиската репрезентација Торнике Шенгелија тешко се повреди на натпреварот против репрезентацијата на Холандија (77:66) во рамките на квалификациите за Светското првенство 2023.

Во третата четвртина, кошаркарот на Виртус го повреди рамото како последица на пад и го напушти теренот, по што беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

Голема е веројатноста Шенгелија да го пропушти претстојниот Евробаскет 2022 година кој ќе се игра од 1 до 18 септември.

Грузија ќе биде ко-домаќин на турнирот за прв пат во историјата.

Противници на Грузијците во А-групата ќе бидат Црна Гора, Шпанија, Бугарија, Белгија и Турција. з