среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ГРЦИЈА – на ова туристичко место омилено на Македонците беснееше торнадо кое ќе ви ја замрзне крвта, половина земја под вода! (ВИДЕО)

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ГРЦИЈА – на ова туристичко место омилено на Македонците беснееше торнадо кое ќе ви ја замрзне крвта, половина земја под вода! (ВИДЕО)

Кратки, но интензивни грмотевици зафатија делови од Грција. Невремето предизвика поплави на главните улици во Атина и Солун, а силниот ветер корнеше дрва во регионот на северна Грција.

Засега нема извештаи за повредени. Драматична снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени.

Грмежи и град се забележани во Солун. И покрај краткото невреме, Патишта кои водат кон Солун беа поплавени. Противпожарната бригада црпела вода од подрумските простории и ги отстранувала дрвјата од коловозите. Слична состојба со невремето е регистрирана и и на полуостровот Халкидики, пренесува Greekreporter.

Во Атина, поплавите ја затворија улицата Пиреја во двете насоки пред полицијата да нареди таа повторно да се отвори. Проблеми со поплави беа пријавени на крајбрежната авенија Посидонос и авенијата Војлагменис.

Невремето го зафати и Санторини, каде автомобилите останаа заробени во калта на улиците, додека на Миконос имало и торнадо.